На југот на Франција е поставен првиот „радар“, чија задача ќе биде да го следи квалитетот на воздухот во непосредното опкружување
Првично замислени како уреди за контролирање на брзината на движење на возилата, радарите добија нота на мултифункционалност со развојот на технологијата. На овој начин, денес се користат за контрола не само на брзината, туку и за евентуална употреба на мобилни телефони при возење, некористење на ремените за безбедност, недозволено престигнување од десната страна, а сега и за контрола на чистотата на воздухот.
Првиот таков радар за контрола на чистотата на воздухот е поставен во Вилнев-Лубеу, град во јужниот дел на Франција. Уредот е целосно неконвенционален. Всушност станува збор за билборд, која е збогатен со мрежа од сензори задолжени за мерење на присуството на PM10 честички и азотни оксиди во воздухот.
Во зависност од отчитувањата, панелот ќе се прикажуваат пораки од различна содржина. Ако сензорите отчитаат прифатлива доза на загадување на воздухот, на панелот ќе стои порака „диши“. Спротивно, билбордот ќе емитува порака која треба обесхрабри за користење на возилата, од типот: „Дали ми треба автомобил“; „А да пешачиме?“.
Според Серж Овера, претседател на Здружението за заштита на природата на Вилнев-Лубеу, не постои друга цел за поставувањето на овој вид на радар, освен да ги охрабри луѓето повеќе да размислуваат за околината, а со тоа и за себе.
Текстот Во Франција профункционира првиот еколошки радар е превземен од USB.mk.