Компанијата Sikorsky соработува со американската армија на развојот на автономни верзии на познатиот хеликоптер Black Hawk.
Технологијата во иднина радикално ќе го промени превозот, па се почесто кога се во прашање автомобилите, па и камионите, бродовите и авионите се споменува зборот – автономија. Вештачката интелигенција секојдневно станува се понапредна, а технолошките гиганти вложуваат се повеќе средства во развојот на технологиите со кои се подобрува автономијата. Поради тоа, воопшто не треба да не зачудува тоа што во иднина возможно е да има летови во кои авионот ќе биде управуван само од компјутер, или ќе има најмногу еден пилот.
Таквите можности, секако интересни им се и на Пентагон, односно на американската армија чии што познати хеликоптери Black Hawk наскоро би можеле да добијат некој облик на автономно управување, па и можност за целосна автономија во која компјутерот ќе ја преземе улогата на пилотот. Технологијата која се развива е наречена Matrix и првите тестови на хеликоптерите S-76 се покажале успешни, па следен чекор на компанијата Sikorsky е заеднички развој на оваа технологија со американската армија.
Воените експерти се согласуваат дека ваквата технологија би била исклучително корисна во воените зони каде што хеликоптерите би се користеле за транспорт и напад без да биде ризикуван животот на пилотите. Автономниот систем на Sikorsky се планира да ги замени пилотите на хеликоптерите Black Hawk, но како и во случајот на автономните автомобили, ќе биде потребно да помине доста време за технологијата целосно да се развие и имплементира.
Извор: Zimo.hr
Текстот Black Hawk и Matrix: Воена соработка за автономни борбени хеликоптери е превземен од USB.mk.