Агенцијата од неодамна бара начин како да се ослободи од тони отпад кои ќе бидат создадени во наредните мисии.
Американската вселенска агенција NASA бара идеја како да се ослободи од ѓубрето на астронуатите. Агенцијата од неодамна бара начин како да се ослободи од тони отпад кои ќе бидат создадени во наредните мисии.
„Крајната цел на НАСА е да развие способности за да им овозможи на мисиите кои не се потпираат на обновливите извори од Земјата, за да ги направи поодржливи и достапни. НАСА го спроведува ова со користење на пристап кој е управуван од способностите на стратегијата за вселенски летови. Пристапот се базира на развивање пакет на можности за развој кои обезбедуваат специфични функции за решавање на предизвиците во истражувањето. Овие инвестиции во почетните способности може континуирано да се искористат и повторно да се искористат, овозможувајќи сложени операции со текот на времето и истражување на пооддалечените дестинации на сончевиот систем“, велат од НАСА.
Четирите главни цели се да се најдат соодветно долгоречно решение за складирање на отпадот, процесирање на отпадот за да се намали ризикот од здравствени опасности, негово „физичко, геометриско и биолошко“ стабилизирање и управување со гасовити, водени и цврсти отпадни води.
НАСА подол период работи на сопствени решенија за овие проблеми, со претворање на отпадот во гас. Исто така, направи уред за рециклирање кој се користи за обновување на остатокот на вода од ѓубрето на астронаутите.
НАСА ќе се сретне со партнерите од индустријата на 24 јули за да објасни што бараат. Официјалните понуди од организациите треба да се достават најдоцна до 22 август, а онаа понуда која ќе биде прифатена ќе се тестира во наредната декада.
Само како напомена за оние кои можеби веќе започнаа со работа – приватните компании кои ќе се пријават, треба да учествуваат со најмалку 10 отсто во трошоците за развој на системот.
Текстот НАСА бара помош за да се ослободи од ѓубрето на астронаутите е превземен од USB.mk.