Фелисити Хофман ќе оди во затвор

Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ Фелисити Хофман, ќе лежи во затвор откако ја призна вината за направено кривично дело. На Фелисити ѝ се закануваше казна од четири до десет месеци затвор поради давање мито, но актерката се спогодила со обвинителството па истата ѝ е намалена на само четири месеци.

Хофман беше уапсена поради сомневање дека платила голема сума на пари за да им помогне на нејзините ќерки да добијат подобри резултати на тестот SAT. Покрај казната затвор, Фелисити ќе треба да плати и парична казна, а година дена ќе биде пуштена на условна слобода.

„Срам ми е поради тоа што го направив. Тоа беше погрешно. Тоа што сакав да ѝ помогнам на ќерката не е изговор да го прекршам и да не го почитувам законот“, изјавила Фелисити.

Како што пренесуваат американските медиуми, Хафман затворската ќелија ја делела со уште две или три жени, а нејзините дневни обврски вклучувале и чистење на тоалети.

 

Текстот Фелисити Хофман ќе оди во затвор е превземен од Reporter.mk.