(Видео) Елен Деџенерис откри дека очувот сексуално ја злоупотребувал

Водителката и комичарка Елен Деџенерис во шоуто на Дејвид Летерман My Next Guest Needs No Introduction откри дека нејзиниот очув сексуално ја злоупотребувал кога имала 15 години. Таа раскажала дека очувот ја допирал за градите велејќи ѝ дека проверува дали има грутки. Кога ѝ кажала на мајка ѝ, која боледувала од рак, таа не ѝ поверувала и оставала со него 18 години.

„Ми рече дека открил грутка на градите на мајка ми и дека мора да ги допре и моите за да провери дали имам и јас. Тогаш сè уште не знаев ништо за човековото тело, дури ни тоа дека не се сите гради исти, па успеа да ме убеди“, рекла Елен и додала дека очувот уште неколкупати се обидел да го повтори тоа.

Елен раскажала дека тој еднаш пробал насилно да влезе во нејзината соба, но таа го скршила прозорецот и избегала.

„Не сакав да ѝ кажам на мајка ми зашто сакав да ја заштитам, а знаев дека нешто такво ќе ја унесреќи“, рекла Елен.

Кога мајка ѝ конечно сфатила дека очувот навистина ја злоупотребувал, го оставила.

„Лута сум на себе затоа што бев преслаба да се спротивставам. Имав само 15 или 16 години. Тоа е навистина ужасна приказна, но ја раскажувам за да ги охрабрам сите девојки и жени да не молчат. Не требаше да ја штитам мајка ми, требаше да се заштитам себеси. Кога ѝ кажав, не ми веруваше. Поверува дури кога тој повеќепати ја смени својата верзија на приказната. Тогаш го остави. Денес ѝ е жал за сè“, раскаѓаа Елен во интервјуто.

Елен првпат откри дека била жртва на сексуално злоставување во интервју за „Алур“ во 2005 година.

Текстот (Видео) Елен Деџенерис откри дека очувот сексуално ја злоупотребувал е превземен од Reporter.mk.