Мбапе му подари дрес на Федерер

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер за време на тенискиот турнир „Ролан Гарос“ го запозна еден од најдобрите светски фудбалери, Французинот Килијан Мбапе.

Мбапе вели дека е голем фан на Швајцарецот и ќе навива за него на турнирот во Париз. Во таа пригода  Мбапе доби и дрес од репрезентацијата на Франција, со која напаѓачот на Пари Сен-Жермен стана шампион во 2018 година.

„Драго ми е што те запознав“, напиша Федерер на својот твитер-профил со фотографијата.

Федерер денеска го игра својот меч од 2. коло против Германецот Оскар Оте.

 

Текстот Мбапе му подари дрес на Федерер е превземен од Reporter.mk.