Во новото продолжение на „Џејмс Бонд“ веројатно ќе ги има најуверливите сцени на секс досега со оглед на тоа што е ангажиран и помошник за таквите сцени. Даниел Крег и Ана Де Армас на снимањето ќе имаат и помошник за интимните сцени. На снимањето на 25. продолжение за познатиот заводник и таен агент ќе биде присутно и лице кое ќе ги советува глумците како да пристапуваат кон снимањето на сцените со секс. Стручното лице на актерите ќе им помага интимните сцени да изгледаат што поуверливи и глумците поопуштено да се чувствуваат на снимањето.
Текстот Стручно лице ќе го учи на секс новиот Џејмс Бонд е превземен од Reporter.mk.