Фудбалерот на ПСЖ, Нејмар Јуниор на тренинзите на својата бразилската репрезентација, пристигнува со специјален хеликоптерот од типот „Ербас Икс 145“, кој чини 13 милиони евра.
Леталото е направено специјално за потребите на Нејмар и на неговата надворешност можат да се видат неговите ицијали. Фудбалерот хеликоптерот го набавил во Грања Комари, во близина на Рио де Жанеиро.
Произведен е во фабриките на Мерцедес Бенц. Неговата максимална брзина изнесува 248 километри на час, а во него можат да влезат 10 лица. Во внатрешниот дел на хеликоптерот можат да се забележат мотиви од неговиот омилен суперхерој Бетмен.
Текстот (Фото) Нејмар на тренинзите доаѓа со хеликоптер е превземен од Reporter.mk.