Марија Шерифовиќ повторно направи скандал на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“. Откако минатата недела фрли со столче по Вики Миљковиќ незадоволна од нејзиното гласање, сега ѝ се налути и на Јелена Карлеуша, па ѝ ја затна устата, почна да ја гмечи и со нога, удираше во столчето на кое седеше пејачката, па на крај замина од снимањето.
Шерифовиќ, според српските медиуми, се налутила кога Карлеуша му рекла на еден од нејзините кандидати дека не е доволно добар.
„Дека ќе бидеш ѕвезда, нема“, му рекла Јелена на пејачот, по што Марија дошла до неа и со рацете ѝ ја затворила устата, па луто ѝ рекла: „Замолчи веќе“.
Пред да излезе од студиото, таа на цел глас извикала: „Нема бре, да жирирам вака“.
За потсетување, Марија неодамна потврди дека по завршувањето на оваа сезона, веќе нема да биде дел од жирито на „Ѕвездите на Гранд“.
Текстот Шерифовиќ ја гмечеше Карлеуша, пејачката без контрола на снимањето во „Гранд“ е превземен од Reporter.mk.