Џулијан Џул ѕвезда на „Скопје денс фестивал“

Со настап на Џулијан Џул пред македонската публика, на 8 јуни во Скопје ќе се одржи петтиот „Скопје денс фестивал“. Ова е мултимедијален електронски музички настан на кој веќе неколку години настапуваат најдобрите светски музички артисти од електронската денс музичка сцена.

„’Скопје денс фестивал’ изминатите години успешно ја оствари својата цел да ја презентира и популаризира електронската денс музика, која низ годините има се повеќе фанови ширум светот. Идејата на „Скопје денс фестивал“ е да продолжи развојот на електронската музичка сцена кај нас, а Скопје да се постави на мапата на светската електронска сцена“, велат организаторите.

Овогодинешното, петто издание на фестивалот ќе се одржи во летниот клуб „Колосеум“ во градскиот парк во Скопје. Освен настапот на Џул, во рамките на фестивалот ќе има изложби, бараз со уметнички дела, перформанс со оган, а ќе настапи и жонглерско акробатското здружение на граѓани Fuzzbubble Jaac.

Текстот Џулијан Џул ѕвезда на „Скопје денс фестивал“ е превземен од Reporter.mk.