Поранешниот играч на Реал Мадрид, Раул Браво, бил уапсен во неодамнешната акција на шпанската полиција.
Браво e осомничен дека е лидер на криминална организација која се занимавала со местење фудбалски натпревари во Примера и Сегунда лигата во сезоната 2016/2017 и 2017/2018 .
Покрај него зад решетки се најде и претседателот на Уеска, шефот на медицинската служба на овој клуб и уште неколку фудбалери меѓу кои и Борха Фернандез и Карлос Аранда и сегашниот играч на Депортиво, Ињиго Лопез.
Сите тие се обвинети за местење натпревари. Засега не е познато за кои мечеви станува збор, но може да се додаде и дека обвинетите се товарат за перење пари, поткуп, корупција и здружување со криминална организација.
Текстот (Видео) Уапсена поранешна фудбалска ѕвезда на Реал Мадрид е превземен од Reporter.mk.