Северина и Игор оставиле црна свеќа пред домот на Милан Поповиќ

Српскиот бизнисмен Милан Поповиќ пронашол црна свеќа пред гаражата во неговиот дом. Тој се сомнева дека свеќата ја оставил сопругот на неговата поранешна партнерка Северина, Игор Којиќ.

Милан случајот го пријавил во полиција еден ден пред последното рочиште во Општинскиот суд во Загреб, каде се води спор околу старателството на нивниот син Александар.

Северина по пријавениот случај во полиција се огласи на социјалните мрежи, велејќи дека Милан ја нарекол убиец и дека неговата цел била да ја уништи.

Полицијата засега не откри за каков предмет станува збор, но објасни дека не станува збор за смртоносно оружје и дека не е загрозен животот на Милан и неговото семејство.

 

„Запознати сме со целиот настан. Ги имаме информациите, но засега немаме одлучено за каква било постапка. Информациите ги пријави 53-годишен маж и во моментов се разгледуваат можностите за идни постапки. За кратко ќе ја известиме јавноста“, велат од полицијата.

Пејачката преку социјалните мрежи ги негирала сите коментари на Милан.

„Причината за постапката на Милан е едноставна. Таткото кој не успеа да го добие старателството сега е незадоволен и лут на судот. Сега пушти во јавноста вест за обид на убиство од моја страна и тоа со помош на мојот сопруг Игор. Да не е жалосно, би било трагикомично. Што сè некои поединци се подготвени да направат во борбата пред судот, а се под маската дека тоа го прават за најдобар интерес на своето дете“, напишала пејачката.

„Ниту сум убиец, ниту тоа ќе станам. Јас сум само Северина која се лути на одредени поединци, затоа што системот кој не функционира дозволува да го прават тоа што можат со помош на нивните пари. Нема да поднесам никакви тужби поради наведениот платен оглас во весниците. На секој му е јасно за каква личност станува збор и што е способен да направи. Јас и понатаму ќе бидам мајка на моето дете и ќе останам само Северина“, вели пејачката.

 

Текстот Северина и Игор оставиле црна свеќа пред домот на Милан Поповиќ е превземен од Reporter.mk.