(Фото) Мајкл Џордан доби Бугарка за снаа

Синот на легендарниот НБА-кошаркар Мајкл Џордан, Џефри Џордан, се оженил со Бугарката Радина Анева. Свадбата се одржала на 25 мај на Бахамите, а двајцата објавиле фотографии од фотосесијата што ја направиле на плажа за време на зајдисонце.

Двајцата фотографиите ги објавиле на „Инстаграм“ и напишаа „Господин и г-ѓа Џордан“. Џефри и Анева се заедно од 2017 година. Тој ја побарал з ажена својата девојка на романтично патување на Хаваите, а таа подоцна го запознала со нејзините родители во Бугарија.

Џефри и Анева добиле голем број  честитки, особено од Бугарија. Анева живее во Соединетите Американски Држави од 2015 година и работи за телевизијата „20 Фокс“.

Џефри, кој на почетокот тргна по стапките на неговиот познат татко, пред неколку години ја заврши својата кошаркарска кариера.

 

 

 

Текстот (Фото) Мајкл Џордан доби Бугарка за снаа е превземен од Reporter.mk.