Северина на својот профил на Инстаграм ја објави насловната страница од Српски „Телеграф” на која стои насловот „Северина се обиде да го убие Милан”, кој тврди дека полицијата го испитува случајот.
Таа ја раскажа својата приказна за обвинувањата на Милан:
„По битка во судот за своето дете, од неговиот татко добив, освен досега различни епитети и дијагнози, и статус на ‘убиец во обид на таткото на детето’. Причината е едноставна … Тој не можеше да го добие веднаш и сега си зацртал план тоа да го направи преку хрватските институции кои се вклучени во процесот. Затоа објавил вест за обид за убиство со помош на мојот сегашен сопруг Игор. Да не беше трагично ќе беше смешно како сите поединци се користат во т.н. борба во судот, и сите под маската за најдобриот интерес за детето. Границите на фер-плејот и интересите на детето ги нема, но целта е целосно да ме уништат како мајка и како јавна личност“, пишува Северина.
„Не сум убиец ниту ќе бидам тоа некогаш. Јас сум само Северина која е лута на одредени поединци, кои не се виновни затоа што системот што не функционира, им дозволува со помош на пари да прават што сакаат“, дополнува таа и порачува дека ќе продолжи да се бори за своето дете и нема да го тужи медиумот за платениот оглас кој најмногу штети на нејзиното дете.
Истиот ден кога го објави ова, таа на својот Инстаграм профил ја објави песната „Имаш право“ од новиот албум.
Текстот Со парите на Милан станав убиец: Северина пак по судови заради поранешниот е превземен од Reporter.mk.