Во иднина би можеле да добиваме гориво од воздух?

Иако научниците докажаа дека е можно да се искористи CO2 од воздух за производство на гориво, тоа нема да го реши проблемот на глобалното затоплување и климатските промени.

Фосилните горива се сè уште најпопуларниот начин за движење на автомобилите, авионите и бродовите, но исто така се и извор на супстанци за произведување на цела низа производи што ги користиме во секојдневниот живот.

Научници од Универзитетот во Торонто откриле нов начин за добивање на гориво во иднината – од воздух. Тие развиле нов електрохемиски пат за трансформирање на јаглерод диоксидот (СО2) во основна супстанца од која е можно да се произведуваат производи како гориво за авиони или пластика.

Лидерот на истражувачкиот тим, Тед Серџет, вели дека технолошки веќе е возможно да се одвои CO2 од воздухот, но таа постапка е многу комплицирана и бара многу енергија. Канадскиот тим сфатил дека може да се искористи електролизата, која се користи за произведување на водород од водата, за производство на стопен јаглерод во СО2.

Нивниот електролизатор содржи катализатор базиран на сребро кој СО2 го претвора во мешавина на гас наречен синтетички гас, а кој може да се користи во производството на низа различни производи.

Научниците предупредуваат дека е потребно многу работа и истражување за целиот процес да може да се користи во индустријата, но дека тие покажале дека е можно.

Она што е најважно е дека оваа технологија ќе реши два големи проблеми – скапи горива и емисии на CO2 во атмосферата.

 

Извор: Zimo.hr

Текстот Во иднина би можеле да добиваме гориво од воздух? е превземен од USB.mk.