Драган Мијалковски победник на „Фолк фест Валандово“

Драган Мијлаковски е победник на 34 издание на „Фолк фест Валандово“. Мијалковски ја овсои првата награда претставувајќи се со песната „Илина“, чиј автор е Љупчо Трајковски Фис.

Мијалковски повторно се врати на музичките настапи по 20 години пауза. Најголемото негово познато дело отпеано на овој фестивал е песната „Дојди ми, Лено, на перниче бело“ во 1989 година.

Асамблот за македонската народна песна „Распеани валандовчани“ завршија на второто место. Асамблот настапи со песната „Љубов преку граница“, дело на покојниот Леонид Манчев, еден од основачите на фестивалот, кому постхумно му беше додена награда за животно дело.

 

 

Текстот Драган Мијалковски победник на „Фолк фест Валандово“ е превземен од Reporter.mk.