Авторите на акционата франшиза „Рамбо“ го објавија првото трејлер видео од последното продолжение на филмот. Во петтото последно продолжение на филмот, Рамбо е прикажан како американски ранчер, кој се впушта во пресметка со мексикански картели, со цел да му помогне на својот пријател чија ќерка е исчезната.
Филмот е во режија на Адријан Грубнерг, а на сценариото работеле главниот актер Силвестер Сталоне и Мет Сирулник. Филмот на големите платноа во кината ќе биде прикажан во септември.
Сталоне по пауза од 12 години, од последното четврто продолжени на оваа акциона франшиза, повторно го оживеа ликот на Џон Рамбо, американскиот воен ветеран. Првиот дел од овој акционен херој беше прикажан во 1982 година, во филмот First Blood.
Текстот (Видео) „Легендата се враќа дома“, објавен трејлер за последниот Рамбо е превземен од Reporter.mk.