Српската пејачка Лепа Брена и нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ ќе ја продадат својата луксузна вила во Белград за околу два милиони евра, пренесуваат српските медиуми.
Куќата која долго време ја имаат, Брена и Боба решиле да ја продадат затоа што е преголема. Решени се да земат помала куќа во урбана белградска населба.
Кога ја купувале куќата Брена вели дека сакале да биде поголема за нивните деца. Со време ја надоградувале, па сега претставува една од најголемите во тој крај. Материјалот од кој е градена е многу квалитетен и внатрешноста е преубава. Брена и Боба велат дека вложиле многу пари во нејзиното преуредување.
„Цената од два милиони евра велат дека е сосема во ред и не чуди тоа што не сакаат да ја спуштат. Одлуката за продажба на куќата ја донеле неодамна, така што многу малку луѓе знаат за тоа“, велат нивни блиски пријатели.
Вилата има турска сауна, два базени, а до главната куќа Брена изградила и куќа за деловен простор, во кој живееле дури и некои од кандидатите на „Ѕвездите на Гранд“. Низ целата куќа доминираат мотиви од златни нијанси.
Текстот Лепа Брена ја продава вилата во Белград за два милиони евра е превземен од Reporter.mk.