Мој близок пријател некни ми се пожали дека „Фејсбук“ го малтретирал со работи што воопшто не го интересирале; спонзорирани текстови и нерелевантни (за него) медиуми. Ми кажа и дека не сака да добива нотификации за тоа што читале неговите френдови и роднини. Му реков дека нема спас за него освен…
Мајка ми, инаку пасиониран зависник од македонските агрегатори на вести, ми вели дека не сака да следи одделни медиуми што не кореспондираат со нејзините политички ставови.
На кумот, што веќе навлезе во шестата деценија од животот, му биле мали буквите и сликите.
Чаре? Апликација GRID (за Android и наскоро iOS) ги реши проблемите на сите тројца.
Секој корисник што ќе ја инсталира истата може да ја персонализира преку избор на медиуми од кои сака да добива вести, како и избор на категории на вести што сака да ги следи.
Она што е најинтересно е можноста корисникот и сам да додаде сопствени категории на теми и клучни зборови што се негов интерес.
На овој начин апликацијата прави уникатен веб-сајт за секој корисник посебно. Нема веќе лажни вести, нема изгубено време по други сајтови… Бесконечното сурфање да се дојде до посакуваната содржина е веќе минато.
Текстов не е спонзориран, туку е решение на маката на тројцата гореспоменати.
Текстот Како да читам што сакам и од каде сакам? е превземен од Reporter.mk.