Фудбалерите на Ливерпул ја освоија Лига на шампиони, по победата над Тотенхем од 2:0 во финалниот натпревар во Мадрид. Играчите на тренерот Јирген Клоп стигнаа до шестата титула во ова елитно фудбалско натпреварување.
Ливерпул поведе уште на самиот старт по пеналот направен во шеснаесетникот. Сисоко играше со рака, а прецизен од белата точка беше Салах. И покрај неколкуте шанси на двете страни, резултатот остана непроменет се до 87 минута, кога херојот од полуфиналето со Барселона, Ориги, ја запечати победата за „црвените“.
Ливерпул стигна до трофеј за прв пат од 2012 година.
Текстот (Видео) Ливерпул го освои пехарот во Лига на шампиони е превземен од Reporter.mk.