Нов конфликт меѓу Меган и Хари со Вилијам и Кејт

Односите меѓу принцот Хари и Меган Маркл, со принцот Вилијам и Кејт Мидлтон, се сериозно нарушени, пишуваат британските медиуми. Одлуката на Меган и Хари да ја напуштат Кралската добротворна организација чии членови беа заедно со војвотката Кејт и принцот Вилијам го здрмало целото кралско семејство.

Само 15 месеци откако прв пат во јавноста ја промовираа новата добротворна иницијатива, Меган и Хари наводно се повлекуваат и се овојуваат од „фантастичната четворка“, како што британските медиуми ги нарекувале.

Британски „Сан“ пишува дека кралската двојка планира да продолжи со добротворната работа, но секој за себе. Се појавиле бројни коментари дека меѓу нив сериозно се нарушени односите, но тие не сакаат тоа да го откријат.

Приказната ги подгреа и информациите дека Меган и Хари ја напуштија Кенсингтонската палата и се преселија 40 километри подалеку на Фрогмор Котиџ. Медиумите на островот пренесуваат дека претходно Меган и Хари одлучиле да ја напуштат палатата затоа што не сакале да бидат во близина со Вилијам и Кејт.

„Само палатата е магично место, но и единствено место каде е апсолутно забрането сè. Најтешкиот дел од работата за секој член на кралското семејство е да ги прифатат амбициозните планови на Меган и да и помогнат во остварување на истите. За неа е фрустрирачки ако некој и каже нешто дека не може да го направи. Додека Кејт од друга страна е сосема спротивна личност, но и понатаму силна жена“, вели извор од кралското семејство.

Дека во британскиот дворец не престануваат тензиите, особено меѓу двете јатрви, идната кралица Кејт Мидлтон и Меган Маркл, одамна се зборува во јавноста. Добро упатени извори тврдат дека причината е поприлично едноставна. Од венчавката во мај не престануваат тензиите. Изворите тврдат дека причината е тоа што Меган е навикната да каже се што ќе и падне на памет.

Дека Меган и Хари работат сè по свое, докажале по неодамнешното пораѓање на Меган, кога повторно ја прекршиле кралската традиција. Принцот Хари го држи синот додека неговата сопруга стои покрај него. Досега ова никогаш не било пракса. Принцезата Дајана, како и Кејт Мидлтон по пораѓањето, тие ги држеле децата пред фоторепортерите.

Текстот Нов конфликт меѓу Меган и Хари со Вилијам и Кејт е превземен од Reporter.mk.