Русите ги отстранија хомосексуалните сцени од филмот за Елтон Џон

Русија ги тргна хомосексуалните сцени од филмот за Елтон Џон, а локалниот дистрибутер за државната агенција „Тас“, изјавил дека сцените се извадени во согласност со руските закони.

Претходно Сер Елтон Џон ја критикуваше Русија за ваквата одлука да ги тргне хомосексуалните сцени од неговиот биографски филм „Рокетмен“. Филмскиот критичар Антон Долин објаснува дека клучните делови од филмот биле цензурирани, а дури и насловот бил променет за да се удоволи на строгите правила на Русија.

Секое прикажување на маж кои се бакнува или изведува сексуални сцени во руската верзија на биографски филм на Елтон Џон, „Рокетмен“, наводно е исечено, тврди руски новинар.

Русија има закони за анти-геј пропаганда која забранува секс сцени на мажи во акција во кинематографијата од 2013 година. Некои од филмовите кои се однесуваат на земање на дроги, исто така се тргнати, пренесува „Дејли Мејл“. Долин изјавил дека клучните делови биле цензурирани, а дури и завршниот наслов бил променет.

Во руската верзија, текстот и фотографиите на крајот кои се однесуваат на Елтон кој живее со својот сопруг Давид Фурниш и нивните два сина, исто така се отстранети.

Наместо тоа, се вели дека Елтон основал фондација за AIDS и дека продолжил да работи со својот музички партнер.

„Сите сцени со бакнување, секс и орален секс меѓу мажи се отстрането. Најлошата работа е што конечниот текст е отстранет од филмот“, напишал Долин на „Фејсбук“.

„Филмот на крајот излегол само пет минути пократок, но отстранетите сцени биле забележливи. Се работи за принципиелни пет минути, многу важни за уметници цели“, додал Долин.

 

Текстот Русите ги отстранија хомосексуалните сцени од филмот за Елтон Џон е превземен од Reporter.mk.