(Фото) Здравко Чолиќ го посети гробот на еден од неговите најголеми фанови

Српскиот пејач Здравко Чолиќ вчера го посети гробот на една од најголемите негови обожавателки Мајда Арнаутовиќ. Пејачот вели дека не ги заборава оние кои со години му пружале љубов, особено не Мајда која го следела и обожавала цели 40 години.

Името на Мајда е запишано меѓу 700 имиња на најголемите обожаватели на Чола од поранешна Југославија и странство, на интернет страната фановите на Здравко Чолиќ.

„Мајда Анраутовиќ, родена на 4 мај 1956 година. Живеела во Бањалука, кројач по занимање. Омилени песни и биле „Единствена“, „Маслинесто зелена“, и „Кога би била моја“. Омилени зборови и биле „Го сакам најмногу на свет, а и тој ме сака најмногу“, пишува на интернет страната на Чолиќ за Мајда.

Мајда починала во 2017 година на 61 годишна возраст од мозочен удар. Нејзиното семејство вели дека ретко кој концерт на Здравко Чолиќ можел да помине без неа. Особено кога била млада и додека ја служеле силата и здравјето.

Текстот (Фото) Здравко Чолиќ го посети гробот на еден од неговите најголеми фанови е превземен од Reporter.mk.