Куќата каде се снимала серијата за прочуеното мафијашко семејство Сопранови, ќе биде дадена на лицитација. Почетната цена ќе изнесува 3,4 милиони долари.
Куќата има четири соби, четири купатила и гаража за две коли. Исто така о цената е пресметана и еднособната гостинска „куќа“. За годишен данок треба да издвоите дополнителни 34.005 долари.
Вистинските сопственици на куќата, живеа во неа веќе 32 години. За време на шестата сезона куќата на „Сопранови“ била користена 30 до 50 пати, за да ја угости екипата.
Во огалсот за продажба, наведено е дека семејството ја продава затоа што нивниот син е веќе пораснат и се има отселено. Повеќе не им е потребен толкав простор.
Текстот Се продава куќата на Сопранови е превземен од Reporter.mk.