Ким Кардашијан ќе брани осуденик на смрт од слобода

Ким Кардашијан поминала цел ден со затвореникот Кевин Купер (61) човек кој е осуден на смртна казна за четири убиства. Кевин во 1983 година бил осудн на смртна казна, но отсекогаш тврдел дека не ги направил убиствата за кои е осуден. Ким вели дека ќе се бори да му помогне на Кевин за да ја докаже својата невиност.

Кардашијан се вмешала во случајот во 2018 година, кога се појавиле нови докази кои посочувале дека убиствата му биле наместени на Кевин. Ким, која во изминатите шест месеци учи како да стане адвокатка, побарала повторно разгледување на случајот и евентуално ослободителна пресуда.

Ким побарала ново ДНК тестирање, нешто што поранешниот гувернер на Калифорнија Џери Браун го дозволил, додека новиот гувернер Гевин Њусон одобри да се направат дополнителни тестови.

 

Текстот Ким Кардашијан ќе брани осуденик на смрт од слобода е превземен од Reporter.mk.