Освоената европска титула на ракометарите на Вардар се славеше низ цела Македонија. Еуфорично беше и во театар „Комедија“ каде актерите на театарската претстава „Вардарски пастуви“, за момент прекинаа со глумата и заедно со публиката го прославија успехот на Варадар.
„Македонија!“, викаше Атанас Атансовски кога го слушна резултатот од синоќешниот финален натпревар меѓу Вардар и Веспрем и заедно скокаше на сцената со колегите. Последниот свиреж на натпреварот во Келн, предизвика вистински делириум кај присутните на сцената и во публиката.
Текстот (Видео) „Вардарски пастуви“ вчера славеа победа со публиката, ечеше театарот по победата е превземен од Reporter.mk.