Обвинителството во Франција го повлече обвинението за силување кое беше поднесено против актерот Жерар Депардје. Од таму велат дека случајот не можат да го продолжат, поради недостиг на докази.
Во соопштението што го испратиле во јавноста се вели дека обвинителите не успеале да ги потврдат наводите за силување.
Познатиот француски актер, кој доби руско државјанство, минатата година беше обвинет дека силувал млада француска актерка во неговиот стан во Париз. Француските служби не го открија идентитетот на младата девојка, а Депардје ги негираше ваквите наводи.
„Жерар Депардје апсолутно негира каков било напад и силување“, изјави претходно неговиот адвокат Ерве Темин за „Франс прес“ и додал дека е убеден дека ќе ја потврди невиноста на неговиот клиент.
Текстот Депардје ослободен од обвинувањето за силување е превземен од Reporter.mk.