Актерот Крис Хемсворт вели дека ќе се повлече од шоубизнисот и ќе го напушти Холивуд на подолг период. Еден од славните холивудски актери со ваквата одлука ги шокирал милионите обожаватели, пишуваат светските медиуми.
Причината поради повлекувањето е неговото семејство, односно желба да мине повеќе време дома со својата 42 годишна сопруга, актерката Елса Патаки и нивните деца.
За „Дејли Телеграф“, Хемсворт изјавил дека планира повеќе време да мине со австралијката Барјон Беј, каде живее веќе изминатите пет години и каде изградил луксузна вила со голем двор во близина на океанот. Актерот за новиот дом потрошил 7,2 милиони долари. Нејзината градба предизвикала негодување кај локалните жители.
Тие сметале дека со изградбата на вилата, се уништил изгледот на околината и самата природа.
„Оваа година веројатно повеќе ништо нема да снимам. Едноставно сакам да го поминам времето со моите деца. Во моментов сите се во една важна доба од својот живот. Сеуште се мали, но свесни дека јас не сум тука со нив, како претходно“, изјавил Хемсворт за медиумите.
View this post on Instagram
Incredible couple days camping with the family before heading overseas @australia #nothingbetter
Дека одлуката не е избрзана и дека веќе подолго време размислувал за истата, сведочи и неговото интервју за GO магазинот од минатото лето, кога признал дека тешко му паѓа раздвоеноста од неговите деца. Тој додал дека неговата тогаш 7 годишна ќерка Индија Роуз минува низ тежок период и дека била под голем стрес.
Текстот Крис Хемсворт го напушти Холивуд е превземен од Reporter.mk.