Српската пејачка Лепа Брена е на одмор во Канада кај нејзината сестра Факета. Брена вели дека во Канада ќе остане месец дена и дека конечно може да одмори од концертите и да ужива во друштво со најблиските.
„Уживам на одмор во Канада покрај моите блиски. Срцето ми е исполнето. Си легнуваме рано и стануваме со изгрејсонцето. Ова е нешто што ми фалеше целиот живот. Дојде време да си дозволам некои задоволства, кои во текот на мојожт живот не можев да си ги дозволам поради децата и кариерата. Можеби за некои ова не е ништо посебно, но за мене која со години го посакував ова е голема и драгоцена работа. Секогаш кога доаѓав во Канада беше комбинација на работата и приватниот живот. Затоа што со семејството и моите сестри се дружев пред и по концертите кои ги имав во Америка и Канада. Но, тоа беше кратко и не стигнавме да си раскажеме сè“, вели Брена.
„Уште во декември се договоривме да го земеме одморот во исто време за да бидеме заедно. Никогаш досега немавме можност да се дружиме како сега. Се засакавме еден со друг. Со мене дојде и мојата Ката. Деновите се убави и сончеви и секој ден шетаме некаде. Одиме во спа-центри, бањи со природна вода и гејзери. Изнајмивме прекрасна куќа на брегот на езерото. Уживаме во мир и тишина“, вели Брена.
Текстот (Фото) Брена на одмор кај сестра ѝ во Канада е превземен од Reporter.mk.