Една од најголемите и најдолготрајните мистерии што го опкружуваат Сонцето – зошто неговата надворешна атмосфера е потопла од огнената површина?
Истражувачите од Универзитетот во Мичиген веруваат дека имаат одговор, и се надеваат дека ќе можат истиот да го докажат тоа со помош Паркер соларна сонда на НАСА, пишува Science Daily.
За околу две години, сондата ќе биде првото летало кој ќе влезе во зоната околу Сонцето, каде што греењето изгледа фундаментално различно од она што претходно било видено во вселената. Ова ќе им овозможи да ја тестираат својата теорија дека греењето се должи на мали магнетни бранови кои патуваат напред и назад во рамките на зоната.
Решавањето на загатката ќе им овозможи на научниците подобро да разберат и да го предвидат сончевото време, кое може да претставува сериозна закана за електричната мрежа на Земјата. Првиот чекор е одредување на тоа каде почнува и завршува загревање на надворешната атмосфера на Сонцето – загатка за која постојат многу теории.
“Без оглед на тоа што физиката стои зад ова загревање, тоа е загатка која нè прогоноува 500 години”, рече Џастин Каспер, професор по климатски и вселенски науки, и главен истражувач за мисијата Паркер. “За само две години, Паркер соларната сонда конечно ќе го открие одговорот”.
За тоа како оваа теоријата ќе биде искористена од страна на Паркер во тестот, пишува Letters of Astrophysical Journal.
Во оваа “зона на повластено загревање” над површината на сонцето, температурите целосно се зголемуваат. Повеќе бизарно е тоа што, сепак, индивидуалните елементи се загреваат на различни температури. Некои потешки јони се загреваат додека не станат 10 пати потопли од водородот што е насекаде во оваа област – пожешко дури и од јадрото на Сонцето.
Текстот Mистеријата за супер-загревањето на Сонцето е превземен од USB.mk.