Компанијата на најбогатиот човек на планетата Џеф Безос и сопственик на „Амазон“, „Блу оринџ“, изведе пробен лет со вселенска капсула наменета за пренесување туристи.
Ракетата „Нов пастир“ полетала од западен Тексас во САД. Откако капсулата се одвоила од главното тело на ракетата, достигнала висина од 119 километри, пренесува АП.
Патникот бил кукла „Скајвокер“, нарачана по прочуениот лик од „Војна на ѕвездите“, Анакин Скајвокер.
Летот траел 11 минути, а капсулата безбедно слетала на земјата. Ова бил деветтиот пробен лет на ракетата од компанијата „Блу оринџ“, наведува АП.
Компанијата допрва би требало да најави кога ќе почне со летовите во вселената и колку тие ќе чинат.
Three hours ago….For Blue Origin’s Mission 9, the #NewShepard reusable launch system performed a high-altitude escape motor test. The New Shepard rocket launch and landed at Blue Origin’s West Texas Launch Site ,on July 18,2018 pic.twitter.com/9XJSrk4Fyt
— Domenico Calia (@CaliaDomenico) July 18, 2018
Безос во моментов има конкуренција само во Ричард Бренсон, сопственик на компанијата „Вирџин галактик“, која според најавите, би требало оваа година да ги испрати првите туристи во вселената. За летовите на Бренсон се пријавиле околу 500 луѓе, а еден билет чини 250 000 долари.
Безос во моментов е „тежок“ околу 150 милијарди долари, а Блумберг наведува дека неговото богатство го надминува она на основачот на Мајкрософт, Бил Гејт, кое изнесува 55 милијарди долари.
Текстот (Видео) Безос го изведе пробниот лет за туристичките патувања во вселената е превземен од Reporter.mk.