Површината на Земјата лежи на милијарди тони дијаманти

Под површината на Земјата се наоѓа огромно богатство од неколку милијарди тони дијаманти, соопштиле научниците од престижниот Институт за технологија (MIT) во американската сојузна држава Масачусетс.

Но, истражувачите предупредиле дека засега не постои интерес за брзо доаѓање до нив, затоа што се наоѓаат помеѓу 145 и 240 километри под површината на Земјата. Многу подлабоко од досегашното дупчење и технолошките можности.

„Не можеме да дојдеме до нив, а има многу повеќе дијаманти отколку што претходно сме мислеле“, изјави научникот Улрих Фол и додал дека дијамантите не се само егзотичен минерал, туку нешто релативно заедничко за целата Земја.

Користејќи сеизмологија за да анализираат и звучните бранови што минуваат низ Земјата, научниците откриле карпи што ја покриваат земјината кора создавајќи обвивка околу неа.

По дополнителните истражувања, откриено е дека карпите се од дијамант и дека Земјата под својата површина има многу поголеми драгоцени камења отколку што првично се сметало.

Научниците додале дека дијамантите нема во скоро време да бидат дел скапите накити затоа што се потребни силни ерупции на вулкани за да стигнат блиску до површината на Земјата, а таквите ерупции ретко се случуваат.

Извор: B92.net

Текстот Површината на Земјата лежи на милијарди тони дијаманти е превземен од USB.mk.