Некои хороскопски знаци изневеруваат зашто имаат силен сексуален нагон, други зашто сакаат внимание, а трети оти не можат да ги преболат поранешните партнери. Ова се четирите знаци што се најневерни.
Скорпија
Луѓето родени во овој знак имаат силен сексуален нагон, па лесно може да се најдат во ситуација да го изневерат партнерот, особено ако нивниот однос не е доволно страстен. Кога Скорпиите ќе видат некој што ќе им се допадне, ќе направат сè за да го добијат. Ако треба, лажат и манипулираат. Но, припадниците на овој знак се многу лојални партнери кога ќе се вљубат искрено и ќе направат сè за да успее врската. Тие се многу се фокусирани на сексот и тој им е мерило за тоа колку е врската успешна.
Вага
Кога ќе дојде до некаков проблем во врската, Вагата ќе направи сè за да ја среди ситуацијата. Но Вагите не сакаат конфликти и ќе се обидат да ги избегнат по секоја цена. Понекогаш се преправаат дека не знаат што се случува заради мир во куќата. Иако луѓето родени во овој знак не се склони кон неверство, ќе го направат тоа за да се чувствуваат подобро или за да се почувствуваат повторно посакувани. Понекогаш само сакаат да ја исполнат празнината од некоја лоша врска. Многу често ги обновуваат врските со поранешните партнери. Постојано флертуваат, а тоа само ги зголемува шансите да го изневерат партнерот.
Лав
Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и тешко може да им одолеат на луѓето што ги третираат како кралеви. Нивното его и самодоверба може да им бидат привлечни на другите поради што многу често го привлекуваат туѓото внимание. Многу често се неверни, особено ако тој што им се додворува го крева нивното его. Понекогаш може да се почувствуваат толку големи и важни што ќе помислат дека нивна должност е да ја делат својата љубов и тело со повеќе луѓе.
Стрелец
Луѓето родени во овој знак имаат немирен дух, многу се љубопитни и постојано трагаат по нови возбудливи искуства. Многу се спонтани и често прават работи, без да размислат за последиците. Кога Стрелците се несреќни во врската, го изневеруваат партнерот со еден или повеќе љубовници. Нивната слободоумност и авантуристички дух се многу привлечни за другите. Кога тие изневеруваат, веднаш му признаваат на новиот љубовник дека се во врска и објаснуваат зошто се неверни.
Текстот Четири хороскопски знаци што најчесто изневеруваат е превземен од Reporter.mk.