На овогодишниот саем на Intel за Наука и Инжинерство, 19-годишно момче од Австралија доби прво место за дизајнирање и градење на прототип, автоматизиран дрон што чисти прозорци на комерцијални згради.
Дронот се состои од спреј полн со средство за чистење и два ротори опремени со бришачи. Уредот чини 2,300 долари и може да се справи со ветрови до 45 километри на час.
Моментално трошоците за чистење на надворешни стакла достигнуваат и до 11,000 долари, овој изум не само што го намалува трошокот туку и го намалуа ризикот на повреди што е чест во оваа ризична професија.
Наградата се состои од 75,000 долари.
Текстот Дрон што чисти прозорци добива награда за иновација од Intel е превземен од USB.mk.