Светската пејачка Ријана, се појави на насловната страна на списанието Interview, каде во изјава за актерката Сара Полсон, открила дека сака да стане мајка. Ријана која учествувала во провокативна фотосесија, открила детали од својот љубовен живот и брачните планови кои ги има со нејзиното момче, шеикот Хасан Јамел.
„Најмногу од се на светот сакам да бидам мајка“, и кажала Рријана на Сара.
Пејачката открила и за својата кариера и за тоа како работите се промениле за неа балансирајќи ја работата со интимниот живот. Ријана вели дека почнала да ги трга приоритетите на страна и да одвојува време и за себе.
„Мојата кариера е моја работа. Направив малите работи, како што е прошетката или одењето во трговски, да станат големи за мене. Влегов во нова врска и тоа ми е многу важно“, изјавила Ријана, нагласувајќи дека морала да направи време и за приватниот живот.
Текстот Ријана сака да стане мајка е превземен од Reporter.mk.