Идеални места за нанесување на парфемот

„Парфемот треба да се нанесе на местото каде што сакате да бидете бакнати“, рекла Коко Шанел.

Сигурно сте забележале дека кога ќе го нанесете својот омилен парфем, се чувствувате поубаво и позадоволно. Проверете ги овие неколку жешки точки од каде што парфемот се чувствува најдобро, а притоа да не треба да претерувате со количината.

Зад ушите

Овој дел на телото е покриен, па затоа го зголемува делувањето и траењето на парфемот.

Врат

Ова е место со силно пулсирање, па само неколку капки парфем се доволни. Само пробајте да не го залиете полето околу штитните жлезди.

Коса

Само две-три капки нанесени на коренот од косата се доволни за супер ефект. Секој пат кога ќе замавнете со косата, мирисот ќе биде почувствуван.

Деколте

Деколтето е еден од најтоплите делови на телото, па со самата своја топлина ќе го засили мирисот.

Зглобот на раката

Топлината на рацете испушта мирисни ноти и го забрзува делувањето на мирисот.

Зад колената

Со секој ваш чекор, ќе оставате миризлива трага зад вас.

Текстот Идеални места за нанесување на парфемот е превземен од Reporter.mk.