ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните 7,7 милијарди на 9,7 милијарди до 2050 година, се наведува во извештај на Обединетите нации.

Одделот за население на ОН во објавениот извештај наведува дека бројот на луѓе во светот би можел да достигне врв од речиси 11 милијарди до крајот на овој век.

Според новите показатели, повеќе од половина од очекуваниот раст на бројот на жители од денес до 2050 година ќе биде во само девет земји во светот.

Деветте земји во кои се очекува најголем раст на населението се Индија, Нигерија, Пакистан, Конго, Етиопија, Танзанија, Индонезија, Египет и САД.

Извештајот тврди дека населението во светот старее поради подолгиот животен век и намалувањето на плодноста.

Текстот ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година е превземен од USB.mk.