Дневен хороскоп за 23 јуни

Овен

Не дозволувајте одредени коментари да ве исфрлат од рамнотежа. Обидете се да се контролирате затоа што некој намерно ве провоцира. Направивте погрешна одлука и сега се каете. Јавете ѝ се на љубена личност, признајте дека сте направиле грешка и обидете се да ја исправите. Имунитетот ви е во опаѓање.

Бик

Не обрнувајте внимание на коментарите на околината. Потпрете се на себе и вашите способности и навреме завршите ги  вашите обврски. Се чувствувате добро и задоволни сте со вашата постоечка врска. Поддршката за партнерот треба малку повеќе да ја цените. Вечерта минете ја со вашиот партнер, дајте му нежноста што ја чека.

Близнаци

Вие не сте во најдобро расположение и ќе ги одложите вашите обврски за следниот период. Обидете се да се концентрирате и да бидете сигурни дека нема да направите грешка. Страстната врска во која се наоѓате е во сериозна криза. Не пренесувајте ја одговорноста на вашиот партнер. И вие сте виновни како и партнерот, ако не и повеќе. Размислете за тоа, па делувајте.

Рак

Лице во знакот на Рак ќе предложи деловна соработка. Согласете се на условите и искористете ја можноста која ја чекавте толку долго. Ова е вистинскиот момент за да се пријде на лицето што ви се допаѓа. Тој нема да одолее на вашиот шарм и духовитост. Оние кои се во врска денес ќе поминат мирен ден. Болка во мускулите.

Лав

Ќе имате разговор со работодавачот кој нема да биде пријатен. Прифатете ја понудата и сфатете ја како можност за промоција. Вие сте задоволни и делувате неодоливо во вашата околина, но конечно морате да донесувате одлука што ја прифаќате. Кој денес е вљубен, ќе биде уште попривлечен.

Девица

Ќе добиете можност да ја поправите грешката од минатата недела. Немојте да се колебате, дајте се од себе, тоа ќе ви појде од рака. Вие делувате отсутно и неинтересно, а вашиот партнер ве навредува. Покажете иницијатива и оптимизам и сè ќе биде како што треба. Ве фаќа меланхолија.

Вага

Ќе добиете важна порака од соработник во знакот на овен. Останете доследни во вашите намери и не ја злоупотребувајте довербата на работодавецот.Поканете лице кое некое време ви го привлекува вниманието. Не чекајте посебна пригода или повод, можеби денес е вистински ден за акција.Можни проблеми со забите.

Скорпија

Недоразбирањата кои постојат со деловните соработници ќе бидат успешно решени. Имате посебна поддршка од ваш постар колега. Вашиот партнер се чувствува запоставено, па понудете му заедничко излегување и разговор. Ќе ви годи внимание, а на партнерот уште повеќе. Оние кои се осамени денес нека го посветат својот ден на пријателите.

Стрелец

Викендот е мирен, како што очекувавте, но мислите ви се на работа. Ќе бидете горди на вашиот личен придонес. Денес е вистинскиот ден да сторите сé што е најдобро и работете. Фокусирајте ги вашите мисли и чувства кон саканата личност и очекувајте прекрасна вечер. Слободните стрелци треба да го поминат денот со пријателите.

Јарец

Имате лошо претчувство за проценка на деловните можности. Дискусијата со околината ќе биде неизбежна, а совет е да се држите до аргументите и само до аргументите. Не паѓајте во оган. Искрено искажете ги своите чувства кон саканата личност. Обидете се да ги усогласите вашите заеднички желби и потреби. Поминете убава вечер заедно. Се чувствувате уморни.

Водолија

Вие сте инспирирани од креативни идеи и на соработниците им укажувате на корисно решение. Важно ви е да бидат прифатени. Некој ви испраќа љубовна порака и директно ви дава до знаење што мисли и чувствува. Вие нема да одолеете. На блиските покаже им колку ги сакате. Корегирајте ја исхраната.

Риби

Дозволете си одредена количина на препотенција со намера да оставите позитивен впечаток на соработници или вашите претпоставени. Обрнете внимание на личност во знакот лав и покажете го конечно она што го чувствувате. Нема што да чекате. Вљубените можат да поминат многу романтична вечер, да играат малку со партнерот, ќе ви годи!

Текстот Дневен хороскоп за 23 јуни е превземен од Reporter.mk.