Прилагодете го стилот на вашите години

Можете да изгледате еднакво убаво и на 20, 30, 40, па и на 50 години, доколку пронајдете каква гардероба или детали најдобро ви прилегаат.

Стилот во дваесеттите

Нема ништо лошо во тоа да покажете што е можно повеќе кожа, ако тоа го направите елегантно и со стил. Кога ќе бидете постари, можеби ќе посакате да го покриете деколтето или рацете, а сега – само напред! Слободно бирајте тренди парчиња.

Совет плус: Набавете голема ташна

Инвестирањето во голема ташна вреди бидејќи ќе ја носите со години. Затоа изберете ташна во некоја од боите кои никогаш не излегуваат од мода, како што се црната, кафената или сивата. Беж бојата, исто така, е добра опција.

Стилот во триесеттите

Во овие години веќе имате изграден стил кој дозволува експериментирање со тренди гардеробата. Само напред, доколку сакате екстравагантни фустани или ако сте авантурист кој во ноќниот живот ќе тргне во металик комбинезон или стреч пантолони.

Совет плус: Не заборавајте ги црните салонки

Класичните црни чевли се неизбежни. Можете да ги носите со години затоа што никогаш не излегуваат од мода.

Стилот во четириесеттите

Гледате како трендовите се менуваат, па затоа сте во можност да го изберете она за што знаете дека совршено ви стои. Одлично ви прилегаат класичните кроеви или струкирани фустани, како и блејзери. Годините носат самодоверба со себе, па затоа вашата гардероба нека го покаже тоа.

Совет плус: Неизбежни се очилата за сонце

Добрите класични темни очила за сонце, можат да придонесат да бидете забележани каде и да се појавите. Како што веројатно досега сте приметиле, многу светски ѕвезди го прават тоа.

Стилот во педесеттите

Со годините веќе нема да можете да носите некои модели што  не им прилегаат на помладите дами, како што се тесните и подолги здолништа. Но, тоа нека не ве спречува да покажете што е најубаво на вашето тело. Вие сигурно умеете да го искористите и анималниот принт. Тоа што стареете, сфатете го како своја предност.

Совет плус: Изберете масивен накит

Кој вели дека само на младите девојки им е дозволено да си поигруваат со крупните и разнобојни камчиња, како и со откачените парчиња накит? Ако не сте толку храбри своето деколте да го украсите со неколку различни синџирчиња, тогаш пробајте со впечатливи обетки.

Текстот Прилагодете го стилот на вашите години е превземен од Reporter.mk.