Викендичките претставуваат идеално место за одмор. Таму одите кога имате време, кога сакате да се одвоите од градскиот метеж, да бидете сами… Во викендичката одите кога ви треба престој во природа за да заборавите на бројните обврски. За да ви биде убаво, треба да ја уредите на вистински начин и да обрнете внимание на следните работи:
Колкава е светлината во неа и какви се прозорците?
Не одите во викендичката за да поминете затворени внатре многу време – ќе шетате по природата, шумата, покрај реките и езерата. Но, сигурно некое време ќе поминете во викендичката и затоа таа треба да биде многу светла. Прозорците се важни, но и балконската врата ако ја имате. Престојот ќе ви биде многу подобар ако имате шанса да вградите лизгачки прозорци, на пример преку целиот ѕид. Ваквите прозорци ќе ви овозможат подобар поглед кон околината близу викендичка. Тоа ќе го направи одморот во неа уште поубав.
Ако во викендичката е премногу замрачено, немате доволно светлина и не сте си овозможиле убав поглед, тогаш ова доживување ќе биде сосема поинакво.
Уредете ја терасата за таа да биде најдобриот дел од викендичката
Многу е важно да ја уредите терасата така што таа навистина ќе биде најдобриот дел од вашата викендичка. На неа можете да седите малку и во зима, но само во еден случај – ако ја застаклите комплетно. Ако решите да направите стаклена тераса, добра идеја е да ставите механизам со лизгачки прозорци.
Засадете цвеќиња и билки во дворот
Засадете неколку билки кои ќе ги одгледувате и за кои ќе се грижите. Тоа ќе ви го исполни слободното време, но и ќе ве смири. Цвеќињата треба да се составен дел од вашата викендичка. Експертите препорачуваат да засадите рози, кои лесно се одгледуваат и цветаат во поголемиот дел од годината.
Текстот Направете ја викендичката место за одмор и уживање е превземен од Reporter.mk.