Почина Џудит Кранц, популарната писателка на љубовни романи

Џудит Кранц, авторката на многу љубовни бестселери, вклучувајќи ги и „Скрупули“ и „Принцезата Дејзи”, почина на 91 годинa во Лос Анџелес, објави „Лос Анџелес тајм“. Оваа „кралица на љубовните романи“, како што ја нарекуваа, има продадено околу 80 милиони примероци ширум светот. Нејзините книги се преведени на повеќе од 50 јазици.

Кранц е родена во 1928 година во Њујорк. По дипломирањето се преселила во Париз, каде што работела како новинарка задолжена за следење на модата, прво за списанието „Добро домаќинство“, а потоа во „Космополитен“.

Првиот роман „Скрупули“ го напишала кога имала 50 години, на поттик од сопругот. По четири месеци книгата се најде на прво место на најпродавани книги на „Њујорк тајмс“.

Текстот Почина Џудит Кранц, популарната писателка на љубовни романи е превземен од Reporter.mk.