Составeн дел на скоро секоја детска соба е работната маса, шарените ѕидови и распоредот на часови закачен на некој ѕид. Но, со годините, луѓето се помалку простор во својот дом ѝ посветуваат на работата, иако поголемиот дел од животот се врти околу неа. Луѓето почесто седат над лаптопот на трпезариската маса, во неудобна положба, наместо да изберат место во домот што ќе го уредат како работен дел. Ова се неколку совети како својот животен простор да го прилагодите на работата од дома:
Фриленс работа
Да се биде фриленсер значи да немате еден работодавач и работно време, а со самото тоа ни работно место. Ова е сѐ почест животен избор, па затоа постои голема група луѓе што се нарекуваат дигитални номади. Фриленс работата дава одредена слобода, но преголемата слобода може да доведе до лошо организирање на работното место и да се чувстувате како по цел ден работите. Затоа е важно во својот дом да организирате работно катче во кое ќе поминувате време – ова време треба да биде ограничено, но продуктивно.
Работното катче е важна за продуктивноста, па ако имате фриленс работа, преуредите го така што ќе се наоѓа во најсветлиот дел од куќата – за да ве стумилира работните обврски да ги извршувате преку ден на природна светлина. Столчето мора да биде удобно и прилагодено за работа на компјутер. Колку и да ви делува фотелјата примамливо, долгото седење во неа не е добро за вашиот грб, а и „наваленоста“ ќе ја намали концетрацијата. Одберете маса од светло дрво и складна боја на стол за да се чувствувате што е можно попријатно. Во овој простор ставете барем едно растение во саксија.
Учење
И возрасните учат – без разлика дали сте одлучиле да почнете некое стручно усовршување, или мислите дека е крајно време да почнете да го учите странски јазик, просторот во кој ќе ги повторувате лекциите или ќе учите онлајн мора да биде инспиративен исто како и детската работна маса. Докажано е дека е најдобро да учите тогаш кога просторот околу вас поттикнува креативност – па во овој случај можете да се одлучите за некоја пожива боја на работна маса и задолжително удобно столче.
За да ја надополните атмосферата, изберете тетратки со весели корици, како и со миризливи свеќи, кои ќе направат вашето работно катче да ви стане омилен простор во куќата.
Сопствен бизнис
Доколку сте отпочнале сопствен бизнис, вашето работно катче повеќе не може да биде само еден агол од вашата дневна соба. Работата со сопствен бизнис подразбира и адекватен работен простор во кој би можеле да се среќавате со своите деловни партнери и стопроцентно да ѝ се посветите на работата. Одберете простории кои можете редовно да ги проветрувате, светли парчиња мебел што ќе ги збогатите со меки и удобни столлиња и големи канцелариски растенија што создаваат чувство на поголем простор.
Доколку имате голем простор можете да си играте со деталите на ѕидовите. А ако вашите канцеларии се мали, тогаш одлучете се за минимализам во уредувањето и едноставноста. Во овој случај, белите ѕидови се најдобра одлука.
Работа во канцеларија
Кога работите во фирма, изборот на масата и столчињата не е ваш, туку на работодавачот. Сепак за да бидете што е можно поефикасни, морате да го персонализирате и ментално да го „присвоите“ своето работно катче. Тоа најлесно ќе го постигнете ако купите удобно перниче за столчето, или ако ја украсите масата со некоја билка или рамка со слика од некоја сакана личност. Така ќе направите да се чувствувате удобно во текот на работното време, исто како да сте дома.
Текстот Работната соба им е важна на возрасните, исто колку и на децата е превземен од Reporter.mk.