Единствената ќерка на Есма си го смени името заради кариерата

Елеонора Мустафовска, единствената ќерка на кралицата на ромската музика, Есма Реџепова – Теодосиевска, си го смени името во Малиша. Пејачката сака со новото име да се пробие на музичката сцена во регионот.  Таа вели дека многу луѓе во светот имаат уметнички имиња и се надева дека нејзиното ново име ќе ѝ донесе успех.

Елеонора отсега во јавноста ќе настапува како Малиша. Името е во чест на нејзината внука Мали – ќерка на нејзиниот брат – која ја нема видено седум години.  Таа веќе ја сними првата авторска песна на српски јазик, насловена „Теби се предајем“, а за песната сними и спот.

Елеонора е единствената ќерка на Есма, која во својот живот одгледа и 47 момчиња, кои растеа и се школуваа во ансамблот „Теодосиевски“. Таа веќе има многу настапи во повеќе земји заедно со „Есмас бенд“, а соработува со Симеон Атанасов, кој ѝ беше менаџер на Есма до крајот на нејзиниот живот.

 

(Видео) Ќерката на Есма ќе ѝ парира на Анастасија Ражнатовиќ

Текстот Единствената ќерка на Есма си го смени името заради кариерата е превземен од Reporter.mk.