Бон Џови со своето семејство летува во Хрватска

Американскиот пејач и рокер Џон Бон Џови (57) и неговата сопруга Дороти Херли (56) и неговите синови Ромео (15) и Џејкоб (17) вчера пристигнаа во Цавтат, Хрватска.

Бон Џови ја укотви својата луксузна 60 метри долга јахта „Рарити“, која е изградена во 2008 година и може да прими 12 гости во шест кабини.

Музичарот се прошета низ Цавтат, и притоа им делеше автограми на обожавателите.

Сепак, неговиот син Џејкоб се пофали со видеото од нивната луксузна јахта. И откри дека во вечерните часови бил во Дубровник.

Текстот Бон Џови со своето семејство летува во Хрватска е превземен од Reporter.mk.