Пејачот Дарио Панковски и неговата сопруга Бојана летуваат во Грција. Само што пристигнаа на Крф, Дарио објави неколку видеа од островот. Тој сподели и селфи-слики на кои е гушнат со сопругата, па пријателите му искоментираа дека изгледаат заљубено исто како на почетокот на врската.
Дарио и Бојана на почетокот на годината прославија 30 години брак. Тие имаат две деца, синот Бруно и ќерката Андреа.
Пејачот, кој подолго време правеше пауза од музиката, неодамна објави слика од студио и се пофали дека спрема нова песна.
Фото: Инстаграм
Текстот (Фото) Љубовно селфи на Дарио на Крф е превземен од Reporter.mk.