(Видео) Се запали јахтата на Кличко

Поранешниот светски шампион во бокс, Владимир Кличко, едвај се спаси откако неговата јахта се запали во близина на шпанскиот брег. Некогашниот боксер го спаси крајбрежна стража, која го изгасна пожарот. Инцидентот помина без повредени.

Откако го спасија, Кличко објави видео на социјалните мрежи и го сподели своето искуство.

„Бидете внимателни што посакувате. Судбината ја прифати мојата желба за ‘малку адреналин’ и тоа буквално. Нашето патување со брод во неделата вечер заврши во нашиот брод кој се запали, а семејството и пријателите се евакуирани од крајбрежната стража и од тимот за спасување. Без грижи, сите сме во ред“, напиша Украинецот на „Твитер“.

Клично се повлече од боксот во август 2017 година, по поразот од Ентони Џошуа на стадионот „Вембли“. Се зборува дека е можно тој наскоро да се врати во рингот, оти му бил понуден мега-договор. Засега, боксерот не ги потврди шпекулациите.

Текстот (Видео) Се запали јахтата на Кличко е превземен од Reporter.mk.