Централниот научноистражувачки институт за прецизно машинство (дел од корпорацијата „Ростех“) го демонстрираше на форумот „Армија 2019“ двоцевниот автомат АО-32, направен 1965 година.
Автоматот има еден носач на затворачот и еден затворач за двете цевки. Се пука истовремено од двете цевки. Главната одлика на ова оружје е подобрената густина на огнот од различни положби, а голем недостаток е зголемената тежина.
„Го држам во рацете проектот на експерименталниот двоцевен автомат кој 1965 година го направија конструкторите Ткачов и Симонов. Тогаш се барани конструктивни решенија кои овозможуваат да се подобри густината на огнот од автоматско оружје во нестабилна положба, т.е. од рака во стоечки и лежечки став. Со помош на оваа шема е постигната поголема густина на огнот“, изјави за телевизијата „Ѕвезда“ конструкторот на Централниот научноистражувачки института за прецизно машинство Александар Гридин.
Автоматот е направен во еден примерок и не е пуштен во сериско производство.
Извор: Russia Beyond
Текстот Прикажан единствениот советски двоцевен автомат АО-32 (ВИДЕО) е превземен од USB.mk.