Рускиот холдинг „Швабе“ на меѓународниот воено-технички саем на оружје и воена опрема „Армија-2019“ ја претстави модифицираната верзија на приборот за скенирање на теренот „Сосна“, специјализиран за детекција на оптички нишани кои генерално се користат од непријателски снајперисти. Ова за интернет-порталот ТАСС го пренесе служба за информирање која е составен дел на овој холдинг.
„Уредот овозможува откривање и одредување на прецизни координати на оптичките и оптоелектронските нишани и системи кои непријателот ги користи за извидување и нишанење. „Сосна“ овозможува автоматски режим на пребарување на просторот на далечини до 2500 метри“, прецизира производителот, пренесува интернет-порталот Marsonline.
Како што појаснија од холдингот, за разлика од основната верзија, модифицираниот систем има безжичен систем за контрола, а исто така значително се намалени тежината и вкупните габарити што се однесува до димензиите. Управувањето со „Сосна“ се врши преку таблет компјутер.
Целокупниот прибор може да се монтира на преклопен статив или на различни видови воени средства за транспорт.
„Во овој момент „Сосна“ нема соодветни пандани како на домашниот, така и на странскиот пазар“, велат од информативната служба на холдингот „Швабе“.
Овој уред може да се употреби за заштита на објекти од исклучителна важност. Меѓутоа, една од неговите клучни задачи е откривање на противнички снајперисти за време на антитерористички операции.
Целиот уред „Сосна“ е развиен и произведен од страна на компанијата НИИ „Полјус“ „М.Ф. Стељамах“ која е составен дел од холдингот „Швабе“.
Текстот Рускиот холдинг „Швабе“ претстави уред за откривање снајперски гнезда е превземен од USB.mk.