Оргии на јахти со девојки од Балканот

Во летната туристичка понуда со години неизоставен дел е проституцијата што се случува на јахтите кои пловат по Турција, Хрватска и Црна Гора. Лани истражувањето покажа дека во Хрватска 6.700 жени се занимаваат со проституција, од 75 и 110.000 луѓе се редовните клиенти кои ги користат таквите услуги.

За тоа колку ваквиот бизнис е раширен, зборува и фактот што групи девојки од други земји во повеќе наврати го посетувале крајниот југ на хрватското крајбрежје за да одработат неколку дена или недели, а потоа се враќале во своите домови.

А што сè се случува не само по јахтите, туку кој сè се занимава, но и ги користи услугите на проститутките покажала и разоткриената афера на најголемиот синџир на елитна проституција во Хрватска, која, иако беше затворена за јавноста, открила многу детали за работата и клиентите.

Во јахтинг-проституцијата на Јадранот уживаат богатите странци, домашните тајкуни, спортистите и припадниците на подземјето кои за дружење со овие дами издвојуваат и до илјада евра.

Србинките се нудат за брендирани чанти и накит

Девојките на Јадранот доаѓаат од сите краеви, не само од Хрватска туку и од соседните земји, а за девојките од Србија и Босна и Херцеговина владее голем интерес бидејќи тие го продаваат своето тело дури и за парче накит, луксузно парче облека или брендирана чанта. На „дивите” забави, освен секс, се консумира и голема количина  алкохол и кокаин.

Исто така, бројни девојки од Хрватска ја работат истата работа на јахти во странство, под изговор дека работат манекенска работа, а всушност го продаваат своето тело. Тие се ангажирани од страна на агенции за „деловна придружба”, а најмалата дневна заработувачка изнесува 500 евра, открива „Телеграф”.

Како тоа изгледа во реалноста откриваат и анонимните исповеди на оние кои работеле на таквите јахти, повеќето од нив како персонал. Така, еден од членовите на персоналот неодамна открил дека на таквите забави има премногу дрога, како кокаин, а таблетите Вијагра „се џвакаат како бонбони”.

„Сè на тие јахти се сведува на набавување дрога, набавување проститутки и малтретирање на посадата со нивните барања. Но, не се жалам бидејќи само за едно лето заработив над 28.000 евра само во напојници”, раскажал еден од членовите на екипажот кој работел на јахти во странство.

 

Во Кан се заработуваат и до 35.000 евра за една вечер

Најдобрата заработувачка е во Кан, каде проститутките заработуваат и до 35.000 евра за ноќ во текот на филмскиот фестивал, а гости се и бројните славни актери и великани од светот на филмот.

„Кога доаѓаат големи клиенти на јахтите сите детали се договараат неколку дена претходно. Тие кажуваат колку девојки сакаат, потоа нè превезуваат со автомобили до нивните бродови и некогаш остануваме само една вечер, а некогаш пловиме на отворено море и до три-четири дена”, опишала една од елитните дами како изгледа нејзината работа. Како што се зборува, најскапите девојки можат да заработат и до 3.500 евра.

„Дочекувавме летонски и руски проститутки, а обично ги превезуваа  со ‘мерцедеси’ до јахтите на пристаништата. Потоа, богатите клиенти одбраа три жени за тој ден. Арапите се највеликодушни луѓе на светот, тие знаат да платат и до 35.000 евра само за една вечер. За нив парите се само хартија. На јахтите може да има и до 10 девојки, обично манекенки кои се голи или полуголи. Забавата се сведува на дрога, алкохол и секс со прекрасни жени. Девојките ги чекаат своите коверти на крајот од вечерта. Сексот не е толку страшен, обично трае 5 минути. Малку стенкаш, воздивнуваш, му кажуваш дека му е голем и тврд и за него тоа е врвот – готов е за 5 минути”, открила една руска елитна проститутка.

Текстот Оргии на јахти со девојки од Балканот е превземен од Reporter.mk.