Икер Касилјас на почетокот од месец мај доживеа срцев удар на тренинг на Порто, но тоа не го спречува во желбата повторно да му се врати на фудбалот.
Искусниот шпански голман, на изненадување на целата јавност, денеска се појави на првиот тренинг на португалскиот тим, со кој и официјално се одбележа старт на подготовките за новата сезона.
Стандардно првиот собир е резервиран за медицински прегледи. Кариерата на Касилјас и натаму е под знак прашалник, а докторите треба да го имаат конечниот збор дали 37-годишниот голман може да му се врати на професионалниот фудбал.
Текстот Касилјас на прв тренинг, два месеца откако имаше срцев удар е превземен од Reporter.mk.